Реновирани првите училишта од фаза 3

 

УСАИД/ПЕП компонентата за реновирање официјално ја започна фазата 3 во септември 2008. Сите општини и училишта во Македонија имаа прилика да ги достават нивните апликациони пакети. Работната група при компонентата за реновирање ги разгледа сите примени апликациони пакети(98 пакети од 64 општини) И одбра 36 училишта кои што ке бидат реновирани во период до септември 2009. Вкупно 15,904 ученици и околу 1,212 наставници ке имаат придобивки од овие реновирања. Промена на прозорци, системи за централни топловодни греења и реновирање на кровови се третирани како најпотребни од  училиштата и општините.

Од започнувањето на фазата 3 до сега реновирани се вкупно 5 училишта.

  • О.У. 26 Јули - Шуто Оризари
  • О.У. Вера Циривири Трена - Карпош
  • О.У. Александар Здравковски - Јегуновце
  • О.У. Лириа - Гостивар
  • О.У. Гоце Делчев - Центар

Старите, искршени и изгниени прозорци во сите 5 училишта беа заменети со нови алуминиумски енергетско ефикасни прозорци. Вкупниот буџет потрошен за овие реновирање на овие училишта е околу 5,066,391 МКД, или во просек за секое училиште 1,013,278.

#

       Проект

Училиште

Општина

Буџет на ПЕП

РЕН 216/08

Менување на прозори

26 Јули

Шуто Оризари

1,510,404

РЕН 167/08

Менување на прозори

Вера Циривири Трена

Карпош

894,063

РЕН 162/08

Менување на прозори

Александар Здравковски

Јегуновце

1,209,767

РЕН 154/08

Менување на прозори

Лириа

Гостивар

923,437

РЕН 137/08

Менување на прозори

Гоце Делчев

Центар

1,245,806

Реновирањето ке продолжи.........

 

Почетна / Дискреција / Контакт / Веб дизајнер

©2007 УСАИД Проект за Основно Образование

УСАИД • АЕД