
“ ПИПИН ” ЈА ПРАВИ МАТЕМАТИКАТА ЗАБАВНА И ЗА УЧЕНИЦИТЕ И ЗА НАСТАВНИЦИТЕ
Жаклина Ристевска и Фатима Али, наставнички од ОУ “Живко Брајковски” од Скопје, се залагаат за вклучување на нови технологии во нивните училници. Често се случува да поминуваат цели вечери пред домашните компјутери обидувајќи се да пронајдат разни активности кои би ги искористиле на часовите во одделенска настава. Сето ова се промени кога на нивното училиште ПЕП донираше едукативен робот – ПИПИН. Бидејќи станува збор за искусни наставнички, тие бргу ја сфатија едукативната вредност на ПИПИН.
“ Учениците обожуваат кога го користиме Пипин. Најмногу сакаат кога го користиме за раскажување на некоја приказна“– рече Жаклина Ристевска – “Пипинот значително го промени и мојот начин на предавање. Тој им помага на учениците да развијат повисоко ниво на размислување и да пронаоѓаат алтернативни решенија за одреден проблем” – додаде таа.Училиштето на Жаклина и Фатима е едо од 131 училиште кои добија различни типови на едукативна опрема од ПЕП.
“Со помалите ученици можеме да поврзуваме два различни предмета заедно. Пипинот ни помогна да го направиме тоа спојување што поинтересно и попривлечно за децата ”, рече Фатима.
Марина Василева, oдделенски раководител во ОУ “Кирил и Методиј” во Скопје, исто така има позитивно искуство со користењето на Пипин и компјутер.
“ Стремејќи се кон создавање на квалитетна врска помеѓу светот во кој живееме и учењето за тој свет, нашето училиште користи модерна технологија во наставата. Пред шест години, неговото височество “ Компјутерот ” , пристигна во нашата училница и веднаш го зголеми интересот и мотивираноста кај учениците. Тие беа нестрпливи да учат, да истражуваат со мотивација за работа и за креирање на сопствена активност или производ. И се разбира, несомнено беше задоволството на нивните родители кога го видоа влијанието на компјутерот врз учениците и нивните постигнувања на крајот од денот”, заклучи Марина.

Ако сте заинтересирани да дознаете повеќе за ПИПИН и другата ИКТ опрема за училишта, контактирајте го нашиот ИКТ тим, Петар Николоски и Олга Самарџиќ на info@pep.org.mk или јавете се во просториите на Проектот за основно образование (ПЕП).