И учениците од прво одделение како научници!
Кога учениците од 1 А одделение, од основното учелиште “Димитар Миладинов “ во Скопје, видоа како нивните соученици од седмо и осмо одделение работат на “Еколошката машина која пренесува енергија” * (види подолу), ги замолија своите учителки за дозвола и тие да направат машина.
Наставниците ни рекоа: “ Тие беа многу заинтересирани за машината направена од нивните повозрасни соученици и одлучија да направат сопствена машина. Учениците од седмо и осмо со задоволство им објаснија што работат и им покажаа примери за тоа како се пренесува енергијата“.
За да го видите процесот на конструирање на машината кликнете на овој линк: http://www.youtube.com/AidaFizika
Учениците од прво одделение подготвија мала приредба и ја презентираа сопствената машина за време на регионалната турнеја на ПЕП, во Скопје, на 30-ти aприл. Кликнете тука да го погледнете нивниот настап!

* Во февруари ПЕП објави конкурс за тимови ученици од основните училишта за правење “Еколошка машина која пренесува енергија” во која се интегрираат знаења по физика и по техничко образование. Тимовите од 16 основни училишта направија вакви машини и ги презентираа во различни градови за време на регионалната турнеја на ПЕП во април.