Успешен крај на информативната кампања на ПЕП!
Во април 2009-та, од страна на Проектот за основно образование (ПЕП) беше спроведена информативна кампања низ Македонија за да се презентира прогресот на Проектот во рамки на неговото досегашно постоење. Беа поканети директорите на училиштата и градоначалниците на локални средби при кои беа организирани научни изложби, натпревари од областа на науката како и работилници за училишните тимови за поддршка од секое училиште.
Со почеток во Скопје, екипата на ПЕП помина по еден ден во седум поголеми регионални центри, како: Велес, Струга, Прилеп, Штип, Струмица, Куманово и Гостивар завршувајќи ја својата капмања во Скопје поради училиштата и општините кои го пропуштија првиот настан. За време на информативната кампања беше забележан огромен интерес со повеќе од 1.000 присутни учесници, вклучувајќи училишни директори, советници од Бирото за развој на образованието, претставници од општините, спонзори, новинари, ученици итн. В
о поголем број од градовите беа присутни и екипи од локалните телевизии кои ја интервјуираа екипата на ПЕП и информираа во врска со активностите.
Првата настан во текот на кампањата беше пленарната сесија која вклучуваше: прикажување на краток филм за успесите на Проектот, сесија на прашања и одговори, доделување на сертификати на обучувачите на Проектот и презентација на пилот активноста Зелени Училишта. Пленарната сесија беше одлична можност за тимот на ПЕП директно да добие повратни информации од училиштата. Една од учесничките коментираше дека во последните десет години никогаш немало проект кој на ваков начин ги вклучува училиштата и притоа ги охрабри своите колеги да се приклучат кон програмите на ПЕП за да ги почувствуваат бенефициите од него.
Додека траеше научната изложба, гостите беа во можност да погледнат презентации од сите компоненти на проектот и ИКТ производи кои Проектот ги донирал на училиштата. Победниците од училишните натпревари ги презентираа своите успешни проекти. Последната активност од информативната кампања беше динамична работилница за работата на училишните тимови за поддршка.
Информативната кампања беше подржана од повеќе спонзори, меѓу кои: Тримакс, Мајкрософт, Ултра, Унет, ДДС Компјутери, КабТел и Еуронетком кои обезбедија награди за учениците, пропагандни материјали и сл.