ПЕП Новости

 







За нас
Проектот за основно образование (ПЕП) е петгодишна иницијатива наменета за сите државни основни...

 

 






 

Зелените училишта во акција!

Членовите на "Green Club" (Зелен клуб) кои се ученици во петте пилот Зелени училишта при Проектот за основно образование, одредено време посветија на правење проценка колку нивните училишта придонесуваат за ефикасно и разумно трошење на енергијата.

Облечени во нивните зелени униформи, учениците ги надгледуваат сите училници, соби за состаноци и тоалети во нивните училишта за да проверат дали славините функционираат како што треба, дали вратите и прозорите се затворени да не се ладат просториите, дали електричните светилки кои се користат во нивното училиште заштедуваат енергија, дали компјутерите се исклучени по нивното користење итн. Заедно со нивните наставници ги проверуваат и сметките на училиштето и ги забележуваат со цел да се води сметка за користењето на водата, струјата и парното греење. Тие спроведоа интервјуа со директорите на училиштата за да научат некои од најважните начела во животот  и да ги практикуваат своите организациски вештини во училиштето.

Учениците од зелените училишта, исто така организираа кампања за подигање на свеста кај другите ученици и наставници за проблемите поврзани со енергијата и потрошувачката на вода, како и отпадот и навиките при транспорт. Изработија разни цртежи демонстрирајќи со тоа како се штеди електрична енергија и вода во училиштето и како се одржува хигиена во истото. Тие ја промовираа и таканаречената селекција на отпадот и рециклирањето. Покрај тоа ја даваат нивната целосна поддршка за пешачењето и возењето велосипед наместо возењето автомобили. Нивните најдобри цртежи ќе бидат искористени за креирање на постери за зелените училишта.

Не помалку активни се и наставниците во Зелените училишта. Во март, тие повторно ке се состанат на четвртиот наставнички форум да го проследат напредокот на проектот и да почнат со планирање на учеството и придонесот на зелените училишта на прославата по повод Денот на Земјата во април, како и квизот кој ќе се одржи во мај.

Проектот за основно образование помага на останатите основни училишта да го следат примерот на зелените училишта. Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за зелените училишта, нивните клубови, акции, натпревари и форуми, ве молиме посетете ја веб страната www.greenschools.org.mk


Претходни вести: 2009; 2008; 2007;