ПЕП Новости

 







За нас
Проектот за основно образование (ПЕП) е петгодишна иницијатива наменета за сите државни основни...

 

 






 

 

ПЕП промовира нови ресурси за наставниците

 

Проектот за основно образование  на промоцијата одржана на 21 октомври 2009 година ги презентираше последните две публикации ”Настава и учење на 21-от век” и „Создавање средина за учење на 21-от век“ како и Интернет порталот „Збирка материјали за наставата на 21-от век“ http://toolbox.pep.org.mk

Промоцијата се одржа во просториите на “Кинотека на Македонија” во Скопје на која што присуствуваа директори и наставници од основните училишта, претставници на општините, како и претставници од Министерството за образование и наука.

„Збирка материјали за наставата на 21-от век“ е Интернет портал дизајниран за наставниците во Македонија. Порталот на наставниците им нуди пристап до ресурси за наставата кои може да им помогнат да ја унапредат и модернизираат  нивната наставна практика. Збирката содржи најразлични ресурси и тоа: видеоснимки од реализирани часови, прирачници, примери од практиката, стандарди, стручни материјали, препорачана опрема како и други корисни линкови.

Прирачникот „Настава и учење на 21-от век” е дизајниран да им помогне на  наставниците да ги разберат најновите трендови во образованието, да користат современи методи за учење и да создадат визија за квалитетна настава што ќе ми помогне на учениците да развијат вештини и ставови потребни за општеството на 21-от век. Сите наставници од основно образование ќе добијат примерок од овој прирачник.

Прирачникот „Создавање средина за учење на 21-от век” е изготвен во партнерство со Фондацијата за образовни и културни иницијативи “Чекор по чекор” и ќе биде поделен на сите наставници во одделенска настава. Исто така одреден број на примероци ќе бидат доставени во училиштата така што и останатите наставници ќе може да најдат соодветни и корисни содржини за примена во нивната настава. Како составен дел на прирачникот подготвен е  видео филм што може да се користи во активностите за професионалниот развој во училиштето.

 

Ве молиме контактирајте ја канцеларијата на ПЕП доколку не добиете копија од прирачниот во вашето училиште.

 

Претходни вести: 2009; 2008; 2007;