ПЕП Новости

 







За нас
Проектот за основно образование (ПЕП) е петгодишна иницијатива наменета за сите државни основни...

 

 






 

 

ПЕП отвори  лабoратории за 21-от век по техничко образование во основните училишта во Македонија



На 6ти октомври УСАИД ПЕП почна со реновирање и опремување на лабораториите по техничко образованние во девет основни училишта низ целата земја.

Истиот ден, Градоначалникот на Битола, претставници од УСАИД ПЕП, директорот, наставниците, родителите и учениците од основното училиште "Свети Климент Охридски" во Битола, го прославија реновирањето и модернизацијата на лабораторијата по техничко образование која е прва од деветте лаборатории по технологија на 21-от век  кои што УСАИД ПЕП ќе ги  пилотира оваа година.

"Еден од главните проблеми со кои се соочуваат младите луѓе е несовпаѓање на вештините и знаењата добиени во училиштата со барањата на пазарот на трудот. Повеќето од вештините и знаењата што ги потенцираат работодавачите како важни за модерниот бизнис мора да почнат да се применуваат и учат уште во најраната возраст. “Се надеваме дека овие лаборатории по техничко образование на 21-от век, ќе ги привлечат студентите кон технички предмети и ќе им овозможат да се стекнат со вештини и знаења неопходни за иднината на Македонија", изјави Кит Прентон, директор на Проектот  за основно образование на УСАИД.

На 15ти и 20ти октомври, лаборатории по техничко образование официјално беа отворени  уште во две основни училишта во Скопје. Учениците од основните училишта "Васил Главинов" од Општина Чаир и "Лазо Ангеловски" од Општина Аеродром, ги демонстрираа своите вештини во користење на роботиката, компјутерски анимации и компјутерска контрола.

На 29ти октомври нова лабораторија по техничко образование беше отворена во основното училиште "Васил Главинов" во Велес. Сопругата  на  Амбасадорот на САД, г-ѓа С. Рикер учествуваше на овој настан, и рече: "Оваа обновена лабораторија создаде подобар амбиент за настава и учење. Јас се  надевам дека ова ќе биде голем поттик за учениците  да научат и дознаат повеќе".

Вкупната вредност на опремата, алатките и материјалите предвидени за деветте училишта е околу 50.000 $. Во 2010 година, ПЕП планира да покани повеќе училишта да поднесат барање за нова опрема по технологија по евалуацијата на оваа пилот-програма.


Претходни вести: 2009; 2008; 2007;