ПЕП Новости

 







За нас
Проектот за основно образование (ПЕП) е петгодишна иницијатива наменета за сите државни основни...

 

 






 

 

 

Училиште од Струга – пример како стручните активи работат на унапредување на оценувањето и учењето


Во училиштето Браќа Миладиновци, Струга,  во кое наставата се изведува на три наставни јазици веќе втора година интензивно се работи на унапредување на оценување на учениците. По минатогодишните обуки од страна на ПЕП за примена на стандардите за оценување, квалитетното оценување стана приоритет во работата на наставниците. Ефектите од ваквиот начин на работа беа веднаш забележани, а најголема потврда за тоа е зголемениот интерес и мотив кај учениците за постигнување поголеми резултати.
Користејќи ги искуствата од минатата година, наставниците на почетокот на оваа учебна година го вградија оценувањето не само во годишните и тематските планови на секој предмет, туку и во планирањата за работа на стручните активи. Всушност, главната цел околу која ќе се одвиваат сите активности на стручните активи е квалитетно оценување. Стручните активи се поактивни, почесто одржуваат средби и состаноци, имаат подобра комуникацијата, меѓусебно си ги посетуваат часовите и разменуваат идеи во врска со оценувањето. “Формативното оценување овозможува оценувањето да не претставува терет за наставникот и за ученикот, туку тоа да произлезе од самиот процес на поучување и учење“, вели Викторија Попоска, училишен координатор за оценување.
Во училиштето согледале дека тимската работа многу им помогнала во справување со предизвиците на новите приоди во оценувањето. Стручните активи, претставуваат двигател за  унапредување на оценувањето и обезбедуваат конзистентност во приодите и стандардите на ниво на училиште. Преку размена на искуства за ефективни приоди во оценувањето до кои дошле низ оценувањето во училницата, заедничко изготвување на инструменти за оценување како листи за оценување, прашања и елктронски тестови, работата на наставниците во однос на оценувањето станува побогата со нови идеи. Како резултат на таквиот приод учениците стануваат помотивирани и секогаш во очекување на нешто ново и интересно.

 

 


Претходни вести: 2009; 2008; 2007;