ПЕП ги допре сите основни училишта во Република Македонија
Заокружен е првиот циклус на обуки по математика и природните науки
На 28-ми септември, ПЕП достигна една од своите референтни точки, со тоа што обучувачите на ПЕП ја реализираа последната работилница од првиот дводневен циклус на обуки.
Почнувајќи од септември 2007, повеќе од 2000 наставници по математика, физика, хемија, биологија и географија, од сите основни училишта во Република Македонија активно учествуваа на обуките за унапредување на наставата по математика и природните науки, по соодветните предмети. Од 2 500 поканети наставници по математика и природните науки, коишто ги поканивме на обука, повеќе од 90% од наставниците беа обучени.
Оние наставници коишто ги применуваат новостекнатите знаења и вештини во наставниот процес имаат
можност да го поминат ПЕП процесот на сертификација кој вклучува комплетирање на наставничкото професионално портфолио и покажување на компетенциите за користење на современи, активни приоди во наставата. Досега 150 наставници го поминаа овој процес и се стекнаа со сертификати.
Во моментов ПЕП ги привршува подготовките за нов дводневен циклус обуки кои ќе започнат во ноември. Содржината на овие обуки ќе биде:
- Учење преку проблеми и преку проекти;
- Вештини за 21-от век во природните науки и географија;
- Техники за кооперативно учење и диференцирана настава;
- Експерименти од ефтини материјали коишто се рециклираат во наставата по природните науки; и
- Стратегии за решавање математички проблеми.
Сите наставници по математика и природните науки ќе бидат поканети на новиот циклус на овуки. Ако, од било која причина сте ја пропуштиле обуката во првиот циклус, ве молиме контактирајте преку isasanski@pep.org.mk , и ќе ви ги обезбедиме материјалите од првиот циклус, а ќе ве поканиме на работилниците во вториот циклус на обуки.
Претходни вести: 2009; 2008; 2007;