ПЕП Новости

 







За нас
Проектот за основно образование (ПЕП) е петгодишна иницијатива наменета за сите државни основни...

 

 






 

 

 

ПЕП  ги опремува основните училишта со технологија на  21 век




На 16 септември 2009, ПЕП и Општина Гостивар потпишаа Меморандум за разбирање за отвoрање на лабораторија по техничко образование во ОУ "Гоце Делчев". Меморандумот се однесува на завршување на реновирањето и опремувањето на  техничкиот кабинет во училиштето. Ова ќе му овозможи на училиштето да обезбеди едукација во областа на роботиката, компјутерска контрола и друга употреба на ИКТ. Корисници од овој Меморандум се 1.200 ученици и вработени во училиштето, како и идните ученици.

"Гоце Делчев" е една од деветте  пилот-училишта* каде ПЕП помага на МОН да ја модернизира наставата по техничко образование. Во прилог на подобрување на условите за учење и обезбедување на нови средства и материјали во  лабораториите по техничко образование, ПЕП на наставниците по техничко образование  им одржа и обука за да им помогне подобро да ги научат  учениците на вештини за вработување и да го зголемат нивниот интерес во техничките области. ПЕП ќе работи и на вклучување на локалните бизниси во претприемничкото и кариерно образование во овие пилот училишта, а ќе обезбеди и модерна технологија за локалните стручни технички школи, така што учениците ќе може да продолжат со учење за роботиката, компјутерската контрола и друга употреба на ИКТ кога ќе продолжат со средното образование.

"Ние сме среќни што сме дел од модернизацијата на кабинетите по техничко образовaние. ПЕП помага со нова опрема, алатки и материјали  за лабораториите на  21-от век, а во тесна соработка со Бирото за развој на образование  работиме и на прашањата поврзани со курикулумот. Сепак, успешната реализација на овој проект зависи од наставниците по техничко образование, кои ќе мора да ги иницираат и подобрат работните вештини на учениците ", рече директорот на ПЕП, д-р Кит Прентон.

Руфи Османи, градоначалникот на Гостивар го потпиша Меморандумот за соработка со д-р Прентон, директорот на ПЕП. Тие се согласија дека овој заеднички проект е важен чекор во модернизирање на образованието, кој ќе им овозможи на учениците  да развијат вештини и компетенции за 21 век.

"Подобри врски помеѓу училиштата и бизнисите се од суштинско значење за развојот на современ образовен систем кој може да одговори на потребите на модерната економија," рече градоначалникот Османи. “Општина Гостивар ќе работи заедно со нашите партнери да се зајакнат тие врски и да се обезбеди поголемо вклучување на локалната индустрија во модернизација на нашите училишта ".

Техничките лаборатории на 21-от век се пилотираат во следниве училишта и општини:

Бр.

Пилот основни училишта

Општина

1

Св. Кирил и Методиј

Kocani

2

Гоце Делчев

Gostivar

3

Васил Главинов

Veles

4

 Св. Климент Охридски

Bitola

5

Димитар Миладинов

Centar, Skopje

6

Димо Хаџи Димов

Karpos, Skopje

7

Лазо Ангеловски

Aerodrom, Skopje

8

Кузман Јосифовски Питу

Kisela Voda, Skopje

9

Васил Главинов

Cair, Skopje

 


Претходни вести: 2009; 2008; 2007;