ОУ “Кирил и Методиј” од Тетово
ја унапредува наставата преку примена на иновативни приоди
Сатки Исмаили, наставник по математика во О.У.”Кирил и Методиј” во Тетово е иновативен учесник во УСАИД/ПЕП кој работи во училиште кое што е секогаш е отворено за промени и кое ги следи сите реформи кои се воведуваат во процесот на образование.
Училиштето се вклучи меѓу првите во УСАИД/ПЕП проектот и тоа во Првата фаза во компонентата Унапредување на наставата по математика и природната група предмети. Сите наставници кои ги предаваат овие предмети и на албански и на македонски наставен јазик ги поминаа обуките за наставници. Под влијание на овие обуки, наставниците внесоа промени во својата работа применувајќи нови наставни форм
и, методи и техники, со што ја направија поинтересна и попривлечна наставата за учениците. Наставниците почнаа да организираат состаноци за поддршка на колегите по одредени предмети почесто и почнаа да организираат часови кои се надгледуваа од страна на нашите колеги. Некои од тие часови се снимени со видео-камера и се чуваат во документација за училиштето.
Исто така, училиштето е вклучено и во компонентата за Унапредување на училишното оценување. Сите наставници од предметна настава ги поминаа овие обуки и сега успешно го вклопуваат ново-стекнатото знаење за фор
мативното оценување на учениците.
Минатата учебна година, осум наставници од ова училиште успешно го поминаа ПЕП процесот на сертификација и сега очекуваат да добијат сертификати. Освен успешно подготвените портфолија наставниците, реализираа отворени часови кои беа набљудувани од педагогот и директорот на училишт
ето.
Оваа учебна година, врз основа на сознанијата добиени на ПЕП семинарите, училиштето како приоритет во Годишната програма пред себе го има поставено планирањето на оценувањето на секое ниво, примената на стандардите за оценување, како и употребување на пристапи кои што се насочени кон учениците по предметите математика и природните науки. Исто така, со активирање на компјутерите во ова училиште, се планираат поинтензивни средби на наставниците, кои ќе дискутираат и ќе си помагаат во секојдневната примена на ИКТ во наставата.
Како предводници на овие активности се јавуваат наставниците по математика и природната група предмети, бидејќи тие се и првите кои се вклучија во овој проект а некои од нив и се ангажирани како фасилитатори на ПЕП.