Прирачник за оценување за наставници
19 Декември 2007
На 19-ти Декември 2007 УСАИД Проектот за основно образование организираше официјален прием во своите простории на кој беше промовиран Прирачникот за оценување за наставници.
Повеќе...

ПЕП организира филмски вечери
За време на зимските месеци ПЕП ќе организира прикажување на неколку филмови со образовни теми на поканети колеги-професионалци од сферата на образованието.
Повеќе...

УСАИД и Он Нет ги прогласија победниците на натпреварот за избор на лого за Ученичките тимови за техничка поддршка
Повеќе...

Хуманитарниот концерт за школите на Тоше Проески доживеа огромен успех!!!
Соопштение до медиумите...
Фото приказна...
ОДРЖАН СЕМИНАРОТ
„ПРИМЕНА НА СТАНДАРДИТЕ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ”
Во Скопје, од 5-ти до 7-ми септември се одржа семинар за обука на идни обучувачи на наставниците за примена на Стандардите за оценување на учениците во основното училиште. Учесници на семинарот беа членови на работната група за оценување како и одберени наставници.
Повеќе...

ОМД дава подршка на хуманитарниот концерт на Тоше
Врз основа на разбирањето на важноста на подобрувањето на образованието во Македонија, Академија за Развој на Образованието (АЕД), Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), AWARD Entertainment Production и Проект за Основно Образование (ПЕП) ќе работат заедно во здружените активности за собирање на средства и кампања со цел поддржување на добротворниот концерт. Сите собрани пари ќе одат во основните училишта во Македонија.
Повеќе...

УСАИД и Тоше заедно за подобро образование во Македонија
Тоше Проески, еден од најпопуларните вокалисти во Македонија, во партнерство со ПЕП, нуди добротворен концерт во Скопје како поддршка во подобрувањето на јавното образование.
Начелно датата за концертот е 22 септември, на градскиот стадион. Ние веруваме дека музиката и популарноста на Тоше ќе му помогнат на ПЕП да го привлече националното внимание кон важноста на подобрувањето на основното образование.
Повеќе...
Прва ПЕП работилница за обука на обучувачи
Од 1-ви до 5-ти Јули УСАИД Проектот за Основно Образование ја организираше првата за обука на обучувачи, поврзана со унапредувањето на наставата по математика и природна група предмети. Учествуваа околу 70 просветни работници од Македонија (20 за одделенска настава, и 50 за предметна настава), вклучувајќи претставници од наставничките факултети, советници од Бирото за развој на образованието и наставници.
Повеќе...

Ги очекуваме Вашите мислења за Нацрт стандардите за оценување на учениците!
На 20 јуни 2007 година, Нацрт стандардите за оценување на учениците во основните училишта што ги изготви Работната група за оценување беа презентирани пред претставниците од десетте училиштата избрани да ги реализираат стандардите во првата фаза од проектот, почнувајќи од септември 2007 година.
Повеќе..

Недела на ИКТ во образованието
Од 25 до 29 Јуни, УСАИД Проектот за основно образование ќе организира недела со активности во врска со ИКТ во образованието. Проектот ќе презентира нов компјутерски хардвер и иновативни ИКТ производи за училиштата. За време на неделата, работилниците ќе бидат организирани со меѓународни консултанти и претставници од ИНТЕЛ Корпорацијата, ОпенЛаб Интернационал и Универзитетот Индијана.
Повеќе...

Семинар за изготвување Стандарди за оценувањето и Кодекс на етичко однесување при оценувањето
Од 25 до 27 април во Охрид се одржа семинар за изготвување стандарди за оценувањето во училиштата и за изготвување на Кодекс на етичко однесување при оценувањето. Семинарот и работилниците ги водеа Д-р Џерард Шел (Геррард Схиел) од Центарот за истражувања во образованието (Едуцатионал Ресеарцх Центре) од Даблин и Д-р Дами ј ан Марчан од Факултетот за наставници (Сцхоол оф Едуцатион) на колеџот Тринити од Даблин.
Pove}e.

Формиран првиот ученички тим за техничка поддршка
На 24 и 25 април во ОУ Владо Тасевски, беше одржана првата обука за мастер обучувачи на ученичките тимови за техничка поддршка. Модулите за обука покриваа проблеми во одржување на мрежи и проблеми во оперативните системи. Учесници на обуката беа 5 наставници од Скопје и по еден од Битола, Тетово и Кочани.
Повеќе...

Потпишан Меморандумот за соработка помеѓу УСАИД и Министерството за образование
18 Април 2007
На 18ти април, во ОУ Владо Тасевски во Скопје, УСАИД Проектот за Основно образование и Министерството за образование и наука потпиешаа Меморандум за соработка.
Целта на оваа официјална церемонија беше да се одбележи договорот за тесна соработка меѓу овие две институции и да се демонстрира нивното партнерство за подобрување на основното образование.
Повеќе..

Проектот за основно образование (ПЕП) и Мајкрсософт заедно го подобруваат одржувањето на компјутерите во школите
10 Април 2007
Мајкрософт ДООЕЛ донираше 10,000 $ како подршка на програмата за оформување на ученички групи групи за техничка подршка која има за цел да ги тренира учениците во основните училишта да станат техничари за одржување на компјутерите.На 10-ти Април 2007, Директорот на Проектот за основно образование (ПЕП) Др. Кит Прентон и Генералниот Менаџер на Мајкрософт ДООЕЛ Скопје Илијанчо Гаговски потпишаа договор за соработка.
Повеќе...

Тоше Проески и УСАИД заедно за македонските училишта
12-29 Март 2007
Новиот проект на УСАИД, Проект за основно образование, новата петгодишна иницијатива насочена кон сите државни основни училишта, ја почнува Националната Информативна Кампања на 12 Март 2007г. Кампањата ке трае до 29 Март и за време на овој период ќе бидат посетени и направени презентации во училиштата од следниве градови: Скопје, Тетово, Охрид, Битола, Кавадарци. Струмица, Кочани и Куманово.
Повеќе...

ПЕП Технолошки Клуб
27 Февруари 2007
Секоја втора недела, во рамките на центарот за обука, Проектот за основно образование организира Технолошки Клуб. Ученици од едно основно училиште во близина се срекаваат во центарот и се обидуваат да изнајдат практични решенија за зададени проблеми. Целта на оваа активност е да се испробаат нови технологии и да се демонстрира како учењето преку решавање на проблеми може да ги мотивира учениците креативно да размислуваат, како и да користат критичко размислување и логика при решавање на проблеми.
Повеќе фотографии...
Почетна / Дискреција / Контакт / Веб дизајнер
©2007 УСАИД Проект за Основно Образование
УСАИД • АЕД