
Трошоците за вода во ОУ “Блаже Конески” - Прилеп намалени за неверојатни 10 пати!
За здрав развој на нашите ученици, освен добрите услови во училницата и училишните простории, неопходно е и добро надворешно опкружување.

ПЕП и МИО во нова возбудлива мисија
24/7 ЦЕНТАР ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА
Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) преку Проектот за основно образование отвори центар за техничка поддршка којшто е поддржан од страна на Министерството за информатичко општество.

ПЕП- катализатор на позитивни училишни промени
Главна цел на училиштата во XXI-от век е создавање на подобра средина за учење, која исто така ќе биде енергетски ефикасна и економична.

За да им помогне на училиштата во одржување на компјутерите и останатата компјутерска опрема, (а со тоа да го зголеми пристапот на учениците до компјутерите) Проектот на УСАИД за основно образование (ПЕП) го воведе концептот на Ученички тимови за техничка поддршка (УТТП

Реновирањата на ПЕП ги оживуваат училиштата во руралните средини
Во времиња на брзи промени, кога образовните системи и процеси се адаптираат на потребите на 21от век, постојат училишта кои остануваат заборавени и заостануваат зад другите.

(Само)оценувањето на наставниците во ОУ ‘Сандо Масев’ го подобрува оценувањето на учениците
Методите и приодите за формативно оценување што се дел од обуките во Компонентата 'Унапредување на оценувањето’, во ОУ ‘Сандо Масев’ од Струмица не се примeнуваат само во реализацијата на наставата...

Зелените училишта носат позитивни промени за
заштитата на животната околина
Како резултат на големиот успех и високиот интерес за пилот фазата на ПЕП активноста ,,Зелени училишта’’, беше одлучено оваа активност да се прошири и да бидат опфатени уште 15 нови училишта.

1000-от наставник го заврши процесот на ПЕП за сертификација
Да се промени начинот на кој наставниците работат не е лесно. Тоа е процес кој бара знаење и вештини за да може да се реализираат новите пристапи кои пак, им помагаат на учениците да го зголемат нивното критичко мислење и вештини за вработување.

УСАИД ПЕП го започна реновирањето на 100-то училиште
Цел на ПЕП компонентата за реновирање е да реновира 100 основни училишта пред завршувањето на Проектот, во 2011

Летната школа на ПЕП го покажа скриениот потенцијал
на македонската младина

Од под до плафон - реновирање на училиштето во Крилатица
Цел на ПЕП компонентата за реновирање е да реновира 100 основни училишта пред завршувањето на Проектот, во 2011.

Наставниците користат видео снимки за професионален развој
Група од дваесет наставници, ентузијасти и предводници во својата професија се собраа за да зачекорат на едно ново ниво на професионален развој преку учење од своите колеги

Споделување на успешни практики од формативното оценување
Во месец јуни, четири основни училишта имаа средба со цел да ги споделат своите успешни практики од оценувањето кои се резултат на работата во училиштата после завршените работилници од ПЕП проектот

Одржливост на промените во училиштата – Конференција за обучувачи
ПЕП организира конференција за обучувачи на тема “Одржливост на промени во училиштата” којашто се одржа на 22 Јуни, 2010 во Скопје.

Научните ученички клубови го зголемуваат интересот за науката
Во март, ПЕП компонентата за унапредување на математиката и другите природни науки ги покани училиштата да формираат ‘Научни ученички клубови’.

Одбележан Денот на планетата земја
Годинава по третпат, на 25 април во Градскиот парк, беше одбележан Денот на планетата Земја, под мотото „Собирај ПЕТ за подобар свет“. Овој настан годинава го организираа Проект на УСАИД за рециклирање пластика, Министерството за животна средина и Град Скопје.

Учење преку проект во наставата по музичко образование
Павлинка Вељановска, наставник по музичко образование во основното училиште “Гоце Делчев“ во Неготино, е ентузијаст кога е во прашање примената на нови идеи во наставата.

Вештини потребни за економијата на 21от век
Со цел да го развива претприемничкиот дух и бизнис вештините кај ученици уште од рана возраст, тимот на ПЕП проектот за подготовка на работна сила, започна со активности за воведување на претприемничко образование во наставата.

Развивање кај учениците вештина за пресметување напамет
Во време кога во бизнисот и математиката се користат калкулатори и електронски формулари, користењето на хартија и пенкало за пресметување се’ повеќе се надминува

Експерти за оценување од Балканските земји се сретнаа на Конференцијата што заедно ја организираа ПЕП, МОН и ПМО
На 29-ти и 30-ти март во Скопје се одржа регионална конференција “Од екстерни оценувања и испити до образовни политики“ што заедно ја организираа ПЕП, Министерството за образование и наука и Проектот за модернизација на образованието што е поддржан од Светска банка.

Училиште од Струмица изготви училишен електронски портал
Основното училиште “Сандо Масев“ од Струмица, едно од првите училишта вклучени во Проектот за основно образование, изготви електронски портал на училиштето www.sandomasev.edu.mk .

Децата од Центарот Сумнал го направија
8-ми Март посебен за вработените во ПЕП
8-ми Март, Меѓународниот ден на жената е ден кој се слави секоја година во целиот свет. Оваа година вработените во ПЕП, а особено оние од женски род, беа изненадени и развеселени од посетата на пет деца од Центарот ˝Сумнал˝.

УСАИД ПЕП свеченост по повод успешното сертифицирање на 500-от наставник
На 18-ти февруари 2010 година во oсновното училиште Мирче Ацев од Општина Ѓорче Петров, се одржа пригодна свеченост по повод успешното завршување на ПЕП процедурата за сертификација...

Тимови за учење – модел за перманентен професионален развој
Со цел за поддршка на наставниците после посетената обука, Проектот за основно образование (ПЕП) организира средби на Тимови за учење на локално и на регионално ниво.
Чувајте го Classmate PC безбеден! Закачете го нашиот постер
Изминатава недела, голем број на компјутери како овој на сликата беа украдени од едно основно училиште. Бидејќи овие компјутери се лесно преносливи тие претставуваат лесна мета за крадците кои мислат дека ќе можат да ги препродадат.

Министерот за информатичко општество ја посети ИКТ работилницата на ПЕП
Следејќи го успешното претставување на УТТП во основните училишта во Македонија, ПЕП ќе обезбеди дополнителна обука за нив, за да ги оспособи за одржување на Линукс компјутерите кои се донирани на училишата од страна на владата.

Тетово - домаќин на последното филмско попладне
Последните три години, за време на зимските месеци, ПЕП прикажуваше популарни филмски остварувања со образовна тематика на колеги и друга одбрана публика.
Претходни вести: 2011; 2009; 2008; 2007;