ПЕП 2009 Видео

 

 

 






 

Проектот за основно образование (ПЕП) е петгодишна иницијатива наменета за сите државни основни училишта во Македонија. Овој проект има за цел да го подобри квалитетот на наставата и да ги унапреди вештините на младите за вработување.

Овој проект е продолжување на тековните проекти финансирани од УСАИД за зајакнување на образованието во Македонија и поддршка на процесот на децентрализација, во периодот кога Македонија се стреми кон влез во Европската Унија.

Главни задачи на ПЕП се:

  • Подобрување на наставата и учењето со што учениците се здобиваат со вештини за критичко размислување;

  • Зголемување на пристапот и користењето на современите компјутерски и интернет технологии за да им се помогне на учениците да успеат на пазарот на трудот;

  • Давање поддршка на училиштата за подобрување на работната средина преку реновирање на училишни згради со што се поттикнува учењето и креативноста;

  • Соработка со наставниците и Министерството за образование и наука за развивање на квалитетни дигитални наставни материјали потребни за активно учење засновано на прашања поставувани од учениците;

  • Унапредување на наставата по математика и природните науки преку подобрување на наставните програми и методи;

  • Подобрување на оценувањето на ниво на училиште за да се поттикне и подобри квалитетот на учењето;

Раководење со проектот


Академијата за развој на образованието (АЕД) е американска непрофитна организација, која во име на УСАИД и во партнерство со Универзитетот на Индијана, Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) и други локални невладини организации и приватни фирми раководи со реализацијата на овој проект. Освен тоа, АЕД има воспоставено партнерства со повеќе национални и мултинационални корпорации кои имаат напредни образовни програми, интерес за зголемување на ефикасно користење на информатичко-комуникациската технологија (ИКТ) во училиштата и желба да промовираат квалитет во образованието, економски раст и стабилност во овој динамичен регион. Преку овие партнерства, АЕД има за цел да обезбеди зголемен број на дополнителни средства за проектот.


Компоненти на проектот


За повеќе информаци за секоја компонента, ве молиме кликнете на  линкот подолу:

  • Реновирање на училиштата

  • Подобрување на употребата на ИКТ во училиштата

  • Унапредување на наставата по математика и природни науки

  • Унапредување на оценувањето на учениците

  • Унапредување на работните вештини кај учениците

За подетални информации кликнете на:

info@pep.org.mk  или
Проект за основно образование (ПЕП)
ул. Букурешка 91

Име

Работно место

е-пошта

Небојша Мојсоски

Раководител на проектот

NMojsoski@aed.org

Викторија Димитровска

Координатор за мониторинг и евалуација/ Училишни одбори

VDimitrovska@aed.org

Лири Старова

Координатор за реновирање на училишта

LStarova@aed.org

Петар Николоски

Координатор за ИКТ во образованието

PNikoloski@aed.org

Олга Самарџиќ

Координатор за обуки во ИКТ компонентата

OSamardzic@aed.org

Аница Алексова

Специјалист за математика и природни науки

AAleksova@pep.org.mk

Игор Сасански

Асистент за математика и пеиродни науки

ISasanski@pep.org.mk

Горица Мицковска

Специјалист за оценување

GMickovska@pep.org.mk

Светлана Гашоска

Координатор за оценување

SGasoska@pep.org.mk

Снежана Јанкуловска

Координатор за работна сила и професионален развој

SJankulovska@aed.org

Васка Декова

Координатор за развој на работна сила

VDekova@aed.org

Александар Атанасоски

Мрежен и веб администратор

AAtanasoski@aed.org

Слободанка Величкова

Раководител на канцеларија

SVelickova@aed.org

Оливера Живкоска

Менаџер за финансии

OZivkovska@aed.org

Игор Цветаноски

Логистика

ICvetanovski@aed.org

Илир Зајази

Програмски асистент

IZajazi@aed.org

 

Контакти во мисијата на УСАИД
Лела Јаковлевска
Е-пошта: LJakovlevska@usaid.gov
Наташа Мурџева
Е-пошта: NBuleska@usaid.gov

 

Почетна / Дискреција / Контакт / Веб дизајнер

©2007 УСАИД Проект за Основно Образование

УСАИД • АЕД